Проштален говор на Обама: Yes, we did it!

Сподели

Американскиот претседател Барак Обама синоќа во прошталниот говор во Чикаго, нагласи дека САД “е подобра и посилна држава“ отколку пред осум години кога тој ја презел функцијата и ги повика сонародниците да ја зачуваат демократијата.

– Нашата демократија е под закана секогаш кога ја прифаќаме здраво за готово – потенцира 55-годишниот претседател демократ, кој за неколку дена ќе ја предаде функцијата на новоизбраниот шеф на државата, републиканецот Доналд Трамп.

Според Обама, меѓурасните односи се многу подобри отколку пред 30 години, но се уште „не сме таму каде треба да бидеме“.

САД имаат голем потенцијал, „но тој може да биде реализиран само ако демократијата ни е во функција…само ако сите ние независно од која партија сме, го носиме чувството за заедничка цел од која имаме потреба точно во овој момент“.

Обама е 44 американски претседател.

Говорот го заврши со тогашниот слоган Yes, we can (Да ние можеме) со изменетиот – Yes, we did it (Да, го направивме тоа).

Новоизбраниот претседател Трамп официјални ја презема функцијата на 20 јануари. За денеска се очекува негова прва прес конференција.