Проштална средба ЗАЕВ-БЕЈЛИ: Договорот од Преспа е огромен исчекор

Сподели

Премиерот Зоран Заев вчера во проштална посета  го прими амбасадорот на САД во заминување, Џес Бејли, а на средбата и двајцата соговорници како најважното постигање во Македонија во текот на мандатот на Бејли го одбележале разрешувањето на спорот со Грција.

Заев се заблагодарил на амбасадорот за активната поддршка на напорите за движење кон НАТО и ЕУ, додека Бејли истакнал дека му е особено драго што за време на неговиот мандат, со решавање на спорот со Грција и со Договорот од Преспа, Република Северна Македонија направила историски исчекор.

На средбата Заев на Бејли му подарил фотографија со посвета од една од нивните претходни средби, информираат од Владата.