Денеска од 12 до 14 часот пред Основното јавно обвинтелство во Скопје исклучените од Топлификација ќе одржат вонреден протест.
Како што се наведува во најавата за протестот, причината е непостапувањето по ниедна од стотиците кривични пријави или допрен глас за организираниот криминал на монополот БЕГ (Топлификација, Водовод) со нотари, судии, извршители и банки“.
„Поради глувоста на ОЈО одлучивме пред нивното седиште јавно со мегафон да им ги прочитаме имињата на вмешаните лица во овој криминал и да им објасниме на обвинителите, како тие системски ги прекршувале Уставот и Законите на Република Македонија“, велат организаторите во повикот.