Протест во Будимпешта: Унгарија да ги зајакне врските со ЕУ

Сподели

„Виктор Обан наместо кон богатата Европа, го насочува народот кон неразвиената Москва. Моментум заедно со младите во земјата нема да дозволат тоа да се случи“, истакна Гјор

Илјадници луѓе учествуваа на протестот организиран oд страна на партијата Моментум која побара Унгарија да ги зајакне врските со Европската унија (ЕУ) наместо со Русија, јавува Anadolu Agency (AA)

Лидерот на партијата Моментум, Андрас Фекете Гјор, се обрати на протестот одржан на плоштадот Хошок Тере која е симбол на плоштадите во унгарскиот главен град Будимпешта. Тој во неговото обраќање тврдеше дека унгарската влада води про-руска надворешна политика.

„Виктор Обан наместо кон богатата Европа, го насочува народот кон неразвиената Москва. Моментум заедно со младите во земјата нема да дозволат тоа да се случи“, истакна Гјор.

Исто така, тој регираше против кампањата која унгарската влада ја започна со мотото „Треба да се запре Брисел“, и рече: „Ние нема да го запреме Брисел, туку ќе се потрудиме да го стигнеме.“

Заменик претседателот на партијата, Тамас Сопрони, нагласи дека Русија претставува закана за слободата на Унгарија, и тврдеше дека со руската пропаганда се шири омразата меѓу граѓаните во Унгарија.

Демонстрантите носеа знамиња на ЕУ и Унгарија, и извикуваа пароли „Русите, во своите домови“, „Нема да бидеме колонија“, „Нема да се откажеме“.

Полицијата презеде безбедносни мерки пред руската амбасада во земјата од каде поминаа демонстрантите.