Протестен марш за нашите права на “ЕДНА МОЖЕ!”

Сподели

 

ПРОТЕСТЕН МАРШ ЗА НАШИТЕ ПРАВА! На 13 февруари, во 13 часот

Од Жена – парк до Министерство за труд и социјална политика

“Една може!” како единствена организација која се залага за правата на самохраните мајки и еднородителски семејства, со овој протестен марш сака да го изрази незадоволството кон сите институции кои се глуви на барањата на членките!
 
“Имаме за цел да ја искажеме и прикажеме сликата на самохраните и еднородителските семејства пред целата македонска јавност и сите чинители во македонското општество. Со задоволство ве покануваме сите, без разлика дали сте самохрани родители, разведени партнери, индивидуи, поддржувачи, млади и возрасни, новинари и репортери, вработени и невработени, јавни личности и политичари. Нашите права не смеат да бидат табу тема! Не повеќе!” – изјави Дороти Пачкова.
 
***
ПОВИЦИ ЗА ВОЛОНТЕРИ ЗА ВРЕМЕ НА ПРОТЕСТОТ 
– првиот повик е за редари. Можете да повикате пријател(к)и, роднини, вашите деца доколку се поголеми и можат да ни помогнат. Ќе ни значи премногу! Можете да пријавите тука: https://forms.gle/HVar3qyNQ1PSzehC8
– вториот повик е за правење транспаренти во петок и сабота значи деновите пред настанот во нашите канцеларии. Може да се пријавите тука: https://forms.gle/nqwJkL9dHN2MNtH6A
– трето но не помалку важно се вашите барања до институциите. Ние веќе имаме конкретни барања, но тука може да го наведете вашето лично барање и до која институција би сакале да го поднесете. https://forms.gle/vj7FqYTfK4o2ndUg8
 
СО ЉУБОВ, ЗА СЕКОЈА ЕДНА ДА МОЖЕ!