Прва Парада на гордоста во Скопје во последната сабота од јуни

Сподели

 

Ирена Цветковиќ го објави одржувањето на првата Парада на гордоста на скопските улици во последната сабота од јуни.

Со оваа најава Цветковиќ ја отвори денешната прес конференција, истакнувајќи ја важната улога која медиумите ја имаат во заедничката борба за праведно општество во кое се почитуваат човековите права и слободи на сите граѓанки и граѓани, вклучително и ЛГБТИ заедницата.

“Годинава се одбележува 50-годишнината од првите демонстрации во Њујорк, познати како Бунтот од Стоунвол, кои беа пресвртна точка за создавање на ЛГБТИ движењето, односно борбата за почитување на основните човекови права и спротивставување на прогонот и стигматизацијата на ЛГБТИ луѓето” – изјави Кочо Андоновски. Северна Македонија е последната земја од регионот која организира Парада на гордоста.”

Парадата на гордоста креира простор кој еманципира и ослободува, и е отворен за сите, без разлика на нивната нација, вера, род, сексуална ориентација, родов идентитет итн.