Каталонскиот сепаратистички советник Алеикс Сари Камарго најави дека Пучдемон планира прес-конференција за денеска, на која ќе се „интернационализира контроверзната употреба“ на Членот 155 од шпанскиот Устав.
Карлес Пучдемон побарал да одржи денеска прес-конференција во меѓународниот прес-центар во Брисел, со кој стопанисува белгиската влада, но бил одбиен.
Белгиските медиуми наведуваат дека Пучдемон бара друга просторија, од каде ќе ја одржи прес-конференцијата. Засега не е познато на што ќе се однесува неговата изјава. Според медиумите, можно е тој да објави дека поднесува молба за политички азил во Белгија, или дека ќе ја предводи „каталонскиот влада во егзил во Брисел”.
Белгискиот адвокат, ангажиран синоќа од Пучдемон, прецизираше дека засега Шпанија не издала наредба за задржување и враќање на каталонскиот политичар. Белгискиот адвокат Пол Бекерт синоќа изјави дека Пучдемон се наоѓа во Белгија и тој ќе ги застапува неговите интереси.
– Пучдемон не е дојден во Белгија за да бара азил. За тоа уште не е одлучено, истакна Бекерт.
Во меѓувреме, шпанската Влада за денеска во 18 часот закажа вонредна средба, на која ќе се дискутира за одговорот на Мадрид во однос на неочекуваното заминување на Пучдемон од земјата.