Пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 16 декември, сабота од 8 до 16 часот, информираат од МВР.
Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.
Исто така, во сабота на 16 декември ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ – од 08 до 20 часот и Беко од 08 до 16 часот.