ПУТИН-ЕРДОГАН: РЕГИОНОТ ИМА ПОЛИТИЧКИ ОЧЕКУВАЊА ОД НАС

Сподели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во Санкт Петербург разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за подобрување на односите меѓу двете земји кои беа разнишани откако турските воени сили во ноември минатата година урнаа руски борбен авион на територијата на Сирија.

Ердоган рече дека соработката меѓу двете земји ќе помогне при решавање на проблемите во регионот .

– “Регионот има политички очекувања од нас. Верувам дека нашето солидаризирање ќе помогне во решавањето на регионалните прашања.”

Путин истакна дека бил меѓу првите кои го осудиле обидот за воен пуч во Турција.

– “Силно се противиме на било какви неуставни акции” – рече Путин, додавајќи дека двете земји сакаат да го објават меѓусебниот дијалог и односите меѓу двете земји.

Посетата на Русија е прво патување во странство на Ердоган по обидот за воен удар на 15 јули.