Рускиот претседател Владимир Путин го свика Советот за безбедност откако САД со проектили ја нападнаа воената база на сирискиот режим, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Кремљ се вели дека на состанокот на Советот за безбедност детално биле оценети последните случувања во Сирија.
Оценувајќи го нападот на САД врз воената база на режимот на Асад како „акт на агресија“, во соопштението се нагласува дека овој случај е во спротивност со меѓународното право.
Се посочува дека ваквите агресивни акти лошо влијаат врз борбата против тероризмот и исто така се истакнува оти последните случувања им штетат на односите меѓу Русија и САД.
На состанокот на Советот за безбедност присуствуваа рускиот премиер Димитриј Медведев, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, претседателите на внатрешната и надворешната служба за разузнавање и други врвни функционери.