Путин нареди делумна мобилизација

Сподели

 

Рускиот претседател Владимир Путин во денешното телевизиско обраќање изјави дека наредил делумна мобилизација во земјата која стартува денеска.

“Нагласувам дека се работи за делумна мобилизација. Мобилизацијата започнува денеска, 21 септември. На Русите кои се мобилизирани ќе им бидат дадени сите поволности и гаранции, a мобилизираниот персонал ќе добие и дополнителна обука.

„Ќе ги искористиме сите ресурси за да го одбраниме нашиот народ. Западот ги премина сите граници на неговата агресија врз Русија“, рече Путин, наведувајќи дека неговата цел е да го „ослободи“ источно украинскиот регион Донбас и оти повеќето луѓе во тој регион не сакаат да се вратат на она што го нарече „јарем“ на Украина.