Работилница за унапредување на човековите слободи и права по европски стандарди на судии

Сподели

 

Судии и советници од Уставниот суд на Република Северна Македонија учествуваат на дводневна тематска работилница, на која се споделуваат искуства и примери од Европската конвенција за човекови права, како и сопственичките права за европските човекови стандарди. 

 

Processed with VSCO with g3 preset

 

Оваа работилница се организира преку Уставниот суд на Република Косово, во рамки на проектот „Поддршка на Уставниот суд на Косово во примената и ширењето на европските стандарди за човекови права“.

Целта на овој проект е да се поддржат напорите на Уставниот суд за обезбедување заштита на индивидуалните човекови права и основните слободи на носителите на правата.  Во оваа насока е и усогласувањето на домашните  пресуди со европските стандарди за човекови права,  во врска со индивидуалните жалби, дополнително да се подигне свеста на правните професионалци за улогата и функцијата на Уставниот суд и да се зголеми влијанието на судската пракса на Уставниот суд врз домашниот правен поредок.

Како предавачи на оваа работилница, организирана од страна на Советот на Европа, се ангажирани експертите од оваа област: Мирјана Лазарова Трајковска, Бурак Гемалаз и Ана Вилфан Восперник. 

 

Processed with VSCO with g3 preset

Во работилницата учествуваат: судија м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева и судија д-р Осман Кадриу, како и советниците на судот д-р Сања Гелевска Трајчевски, Енсар Јусуфи и Мартин Трајановски.

Работилницата се одржува во Охрид во периодот од 9 до 10 март.