Работно време на ЈП Градски паркинг- Скопје за време на државниот празник

Сподели

 

За празникот, Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври (понеделник), на јавните површини наменети за паркирање (зонско), со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, т.е. на зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата, информираат од ЈП Градски паркинг.

Редовна наплата ќе се врши на:

  • Зона А0- Водно,
  • Катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и
  • Јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита Денот македонската револуционерна борба 23 Октомври.