По повод Денот на државноста на Босна и Херцеговина, потпретседелот на Собранието Зеќир Рамчиловиќ упати честитка до Бошњаците во РС.Македонија:
“Во свое лично име и од името на Собранието на Република Северна Македонија со посебно задоволство на овој исклучително важен ден упатувам искрени честитки и топли братски поздрави до Вас и сите граѓани на Босна и Херцеговина. Верувам дека големиот празник „Денот на државноста на Босна и Херцеговина” како во минатото, така и во иднина ќе продолжи да биде фактор на обединување и градење на посилна држава која ќе биде убаво место за живеење на сите нејзини граѓани.
Во оваа прилика сакам да изразам големо задоволство и да одадам признание за посветената работа и вклученоста на Амбасадата на Босна и Херцеговина во активностите за унапредување на соработката помеѓу двете земји.
Билатералните односи помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина отсекогаш биле на високо ниво, а особено денес. Искрено верувам дека соработката помеѓу двете земји и народи уште повеќе ќе се унапредува и зацврстува во иднина. Освен веќе реализираните проекти и активности во најкраток рок се надевам дека ќе ги поврземе Сараево и Скопје со авионска линија, како и отворање на културните центри на двете држави со што уште повеќе ќе ги зближиме нашите народи и ќе ги зајакнеме економските врски.
Бошњаците се најсилната алка која ги поврзува РС Македонија и Босна и Херцеговина. Тие ќе продолжат да бидат мостот на пријателство и соработка помеѓу нашите две земји и народи. Бошњаците во изминатиот период дадоа исклучителен придонес за стабилизација и просперитет на РС Македонија, особено во нејзините интеграциски процеси кон ЕУ и НАТО. Тоа е дополнителна причина за квалитетна соработка на патот на реализацијата на заедничките цели на двете држави и народи со кои ќе имаме стабилен и просперитетен регион.
Почитувана екселенција, почитувани граѓани и граѓанки на Босна и Херцеговина, сите кои ја чувствувате за своја матица нека ви среќен Ден на државноста”.