Рангелова преку мобилен ја котролирала толпата пред Општина Центар

Сподели

Денеска со сослушување на сведоци продолжи судењето на насилството во општина Центар, во кое се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица.

Советник на СДСМ во судница раскажа како демонстрантите насилно влегле во просторијата во која се одржувала седницата на Советот на Општина Центар. Толпата, според сведокот, фрлала јајца, шишиња, овошје и зеленчук, а пратеничката Даниела Рангелова преку својот мобилен телефон ја контролирала толпата.

Сведокот пред судот дополни дека случувањата ги гледала полицијата, која според него немо набљудувала што се случува и не преземала ништо, јавува мкд.мк.

Тврдењата на сведокот во судница ги негираше пратеничката Рангелова.

Судењето продолжува со сослушување сведоци.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред општина Центар во јуни 2013 година.