Рашковски ќе одржи прес-конференција – опозицијата бара оставка за аферата М-НАВ

Сподели

 

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски денеска во 12 часот ќе одржи прес-конференција за случајот со тендер за набавка на радарски систем за летање за потребите на Македонска навигација (М-НАВ).

За овој случај се појави „бомба“ во која Рашковски наводно мести тендер вреден 7 милиони евра. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ низ неколку прес-конференција побара став од властите, и побара Рашковски да си поднесе оставка.