Распишан конкурсот за прием на студенти на УКИМ

Сподели

Министерството за образование и наука известува дека Владата донела одлука за Конкурсот за упис на студенти на државните универзитети.

Oваа година има обезбедени 26.105 места за упис на студенти на државните универзитети и тоа 13.953 места за редовни студенти во државна квота, 8.367 места за редовни студенти со кофинансирање и 3.785 места за вонредни студенти.

„Со тоа обезбедени се доволно места за упис на сите заинтересирани матуранти, како и за други лица заинтересирани за студирање на државните универзитети.  При утврдување на бројките за упис на студенти се водеше сметка за потребите на пазарот на трудот во Република Македонија, дефицитарноста на струките и расположливите можности за вработување, бројот на студенти за кои се акредитирани факултетите, како и за показателите за интересот на средношколците за упис на одредени факултети изминативе години“, соопшти МОН.