Рускиот претседател Владимир Путин го ратификуваше билатералниот договор за екстрадиција меѓу Русија и Турција, јавуваат руските медиуми.
Договорот предвидува екстрадиција на лица осомничени или осудени за кривично дело во друга земја. Исто така, двете земји се обврзуваат дека ќе обезбедат заемна правна помош во истрагите за спроведување на процесот и во други правни постапки.
Долниот дом на рускиот Парламент го одобри тој договор на 17. февруари оваа година, а Горниот дом на парламентот, Советот на руската Федерација тој договор го одобри на седницата одржана на 1. март.