Разрешен директорот на Кардиохирургија, Д-р Шокаровски

Сподели

Министерот за здравство, Илир Демири денеска го разреши медицинскиот директор на Клиниката за кардихирургија д-р Марјан Шокаровски кој беше назначен откако претходниот министер Фатмир Меџити го разреши Сашко Јовев.

Демири кажа дека добил информации за зголемена смртност на Клиниката, а Комисијата поднела извештај во кои немало познајачни отстапување, но дека добил податок дека 170 пациенти не биле регуларно внесени во „Мој термин“.

„Стигнаа наоди до мене дека смртноста на Клиниката е зголемена. Формирав Комисија, и извештајот кој го доби немаше значајни отскокнување. Но, денеска добив друг податок, дека за 170 пациенти не се поднесени информации во „Мој термин“ во однос на отпусни писма и умреници, така што претпоставувам дека бројката на смртност може да се промени. Бидејќи сум министер во заминување сакав ова да го одложам и постапката да ја спроведе следниот министер или јас доколку продолжам да министерувам. Таму директор треба да биде назачен некој кој е од надвор“, изјави Демири.

Д-р Шокаровски, денеска ги отфрли ваквите наводи на министерот за здравство Демири. Најави дека наскоро ќе излезе со официјално соопштение. Според него, разрешувањето е спротивно на изборниот закон бидејќи е донесено од технички министер.