РЕАКЦИЈА: АРС ЛАМИНА технички ја уреди книгата и ја испечати, без никакво мешање во нејзината содржина

Сподели

По скандалот со спорните песни на Збирката поезија на Агенцијата за млади и спорт, директорот Дарко Каевски  изјави:

„Не ми е јасно зошто јас како Дарко Каевски фигурирам како уредник на Збирката. Веднаш ќе испратам официјално барање до издавачката куќа “Арс Ламина”, за да ми објаснат зошто донеле таква одлука, кога во претходните години директорот никаде не фигурирал како уредник. Исто така ќе испратам барање и до членовите на комисијата, кои цело време се оградуваат да ми објаснат која е нивната задача, иако во решението убаво е наведено дека освен што треба да ги изберат најдобрите три песни, треба и да направат селекција на песните. Сега е најлесно сите да се оградуваат. А, после тоа ќе покренам обвиненија против сите што не си ја почитувале работата, а сега ме местат мене.”

 

Редакцијата на “ДЕНЕС” побара изјава од директотрот на “Арс Ламина”, да појасни зошто вината се посочува првенствено на издавачката куќа, која е издавач на оваа збирка поезија  и дали со тоа се бега од одговорноста на самата процедура при издавање, промоција и доделување средства од страна на Агенцијата за млади и спорт.

 

АРС ЛАМИНА: Како одговор на вашето прашање во врска со изјавата на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, дека обврската за издавање на „Збирка поезија од проектот ’Млади поети’“ е на фирмата Арс Ламина, ве известуваме дека Арс Ламина има склучено договор со Агенцијата за млади и спорт за печатење на збирката, врз основа на претходно објавениот оглас за печатење на збирката. Во техничката спецификација на огласот, како и во самиот договор, во ниеден момент од Арс Ламина не се побарани издавачки услуги, туку исклучиво печатарски. Во таа смисла, според договорот, Арс Ламина технички ја уреди книгата и ја испечати, без никакво мешање во нејзината содржина. Претставниците од Агенцијата ги одобрија финалниот изглед и содржина на збирката пред нејзиното печатење.

Дополнително, Арс Ламина не ни може да биде издавач бидејќи ниту ги нарачала авторските текстови (песни и предговор), ниту е носител на авторските права за истите, ниту пак направила избор и редакција на содржините од збирката.

 

Опис на техничката спецификација на огласот:

Предмет на оваа јавна набавка се печатарски услуги за печатење на :

-Збирка поезија од проектот „ Млади Поети 2017“ и „ Млади поети 2018“;

Економскиот оператор има овбрска да ги преземе следните фази за успешно реализирање на предметот на договорт за јавна набавка на услуги :

  1. Активности – предмет на набавката:

– Дизајн на Збирката

– Техничка припрема за печатење (делата не се во електронска форма, додека фотографиите кои треба да се дел од Збирката се во електронска форма)

  1. Димензии на Збирката

– А5 формат

  1. Обем на Збирката

– Мах 100 страни + корица

  1. Тип на хартија

– корица 300 гр. kunstdrug

– хартија на внатрешен дел 90гр. Офсет

  1. Печатење

– целосен колор

  1. Доработка

– Лепење

  1. Тираж

– 2 x 5000 (на македонски јазик)

– (5000 во текот на февруари „ Млади поети 2017“ и 5000 во текот на декември „ Млади поети 2018)

 

Обврски на Арс Ламина според договорот со Агенцијата:

Предмет на договорот за јавна набавка се услуги за печатење (Збирка поезија од Проектот „Млади Поети“), по спроведена постапка со барање за прибирање на понуди бр. II-2/2018 во согласност со прифатената Понуда доставена преку ЕСЈН со намалена цена по одржаната е-аукција од Економскиот оператор/Извршител – Арс Ламина, техничките спефицикации од Тендерската документација кои се составен дел на овој Договор, писмените напатствија на Нарачателот, а во согласност со Одлуката за избор на најповолен понудувач.

  1. Извршителот, предметот на овој Договор е должен да го изврши сукцесивно во рок од 30 работни дена од дадено овластување/напатствија од страна на договорниот орган.
  2. Извршителот е должен по извршување на услугите за печатење, утврдениот број на примероци согласно техничките спецификација на тендерската документација, да ги достави во просториите на Агенцијата за млади и спорт.
  3. Извршителот е должен работите кои се предмет на овој Договор да ги изведе стручно и квалитетно, целосно во се, согласно со одредбите на овој договор, техничките спефицикациј, тендерската документација, напатствијата на Нарачателот, согласно законската регулатива и документацијата што го следи и истиот се смета за негов составен дел.
  4. Извршителот по полна материјална, кривична и морална одговорност се обврзува предметот на овој договор да го изврши совесно, стручно, квалитетно, навремено согласно стандарди и нормативни кои ја уредуваат оваа област.

 

Горан Црвенковски
Извршен директор

::

Арс ЛАМИНА

Св. Кирил и Методиј 50, Скопје

+389 2 312 42 27

goran@arslamina.com

www.arslamina.com