Реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ со обраќање до Груевски

Сподели

Републичкиот штаб за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, точно на пладне најави прес конференција на која ќе се обрати координаторот на РШ за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, во присуство на претставници од републичкиот, регионалните и општински штабови.

На прес конференцијата освен промовирање на функционалноста на РШ за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, како што се вели во соопштението ќе има и „обраќање до Претседателот и останатите тела на Партијата, со цел започнување на процесот на суштински реформи во ВМРО ДПМНЕ“.