Регистриран е 141 нов случај и 1 починато лице

Сподели

 

Во последните 24 часа направени се 866 тестови, а регистриран е 141 нов случај на КОВИД-19:
• Скопје – 79
• Прилеп и Кавадарци – по 9
• Куманово и Битола – по 7
• Охрид – 6
• Тетово – 4
• Велес – 3
• Кичево, Гевгелија и Ресен – по 2
• Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци – по 1
Од вкупниот број на позитивни (141), регистрирани се 45 реинфекции.
Регистрирани сe 84 оздравени пациенти од:
• Скопје – 50
• Кавадарци – 7
• Штип – 6
• Прилеп – 5
• Крива Паланка – 3
• Куманово, Битола и Гевгелија – по 2
• Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 1
Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.
Направени се 866 тестови: ИЈЗ-139, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-22, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-36, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–1, Институт за микробиологија–54, Жан Митрев (Филип Втори)-9, Авицена-19, Биотек-13, Систина-29, лабораторија Лаор-8, Синлаб-22, Ремедика-10, Плодност-2, Генеа-5, Никоб Лаб-26, ВФВ Медикал-6, Ели Медика Плус-5, Ројал Медика–1, Спектра-ММ-4, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 312.
Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.