Регистриран е 361 нов случај и 8 починати лица

Сподели

 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
 
Направени се 3.028 тестирања, а регистриран е 361 нов случај на КОВИД-19:
Скопје – 166, Прилеп – 41, Битола – 30, Кавадарци – 22, Кочани – 14, Куманово и  Велес –  по 12, Тетово – 8, Гевгелија – 6, Неготино, Радовиш и Делчево – по 5, Кичево, Берово, Валандово и Македонски Брод –  по 4, Струмица – 3, Гостивар, Штип, Охрид, Богданци и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар, Крушево и Дојран – по 1.
 
Регистрирани сe 433 оздравени пациенти од: Скопје – 182, Битола – 37, Прилеп – 32, Куманово – 23, Штип – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 14, Тетово – 13, Струмица – 11, Велес и Делчево – по 10, Кочани – 8, Крива Паланка – 6, Берово и Охрид – по 5, Неготино, Радовиш, Валандово и Македонска Каменица – по 4, Македонски Брод и Кратово – по 3, Кичево, Богданци, Демир Хисар, Виница и Демир Капија – по 2, Крушево, Дојран, Свети Николе и Ресен – по 1.
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 71г и 83г), 3 починати лица од Битола (70г, 74г, и 84г) и  едно починато лице од Куманово (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
 
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица со датум на смрт од 26.11.2021 до 08.12.2021. Регистрираните починати лица се од  Тетово (3), Скопје (2) и Гостивар (2). Починатите лица се на возраст од 47 до 88 години. Четири лица се починати во домашни услови, а три лица се починати во болнички услови.
 
Направени се 3.028 тестови преку: ИЈЗ-312, ЦЈЗ Скопје-47, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-44, ЦЈЗ Тетово–9, ЦЈЗ Куманово-74, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-3, лабораторија болница Козле-18, УК Пулмологија со алергологија –2, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-80, Авицена-156, Биотек-220, Систина-77, лабораторија Лаор-114, Синлаб-16, Ремедика-12, Плодност–49, Генеа-13, Никоб лаб-365, ВФВ Медикал-54, Ели Медика-49, Ројал Медика–27, Спектра-ММ-10, Рапид Лаб–4, Жан Митрев Струмица–17, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.188.
 
Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 218.723, бројот на оздравени пациенти е 205.303, на починати е 7.710, а бројот на активни случаи изнесува 5.620.