Регистрирани се 127 нови случаи и 6 починати лица

Сподели

 

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
 
Направени се 1.766 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 90, Охрид – 9, Битола и Штип – по 6, Кавадарци – 4, Струмица – 3, Прилеп, Ресен и Виница – по 2, Куманово, Кичево и Струга – по 1.
 
Регистриран e 261 оздравен пациент од: Скопје – 132, Прилеп – 28, Битола – 17, Струмица – 10, Куманово – 9, Кочани – 8, Крива Паланка и Валандово – по 7, Штип и Пробиштип – по 5, Тетово и Делчево – по 4, Кавадарци, Кичево, Велес, Радовиш и Кратово – по 3, Ресен, Гевгелија, Богданци и Македонски Брод – по 2, Неготино и Македонска Каменица – по 1.
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: 2 починати лица од Скопје (74г и 85г) и по едно починато лице од Кавадарци (78г), Кичево (84г), Неготино (71г) и Штип (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
 
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 22.11-18.12.2021 година. Починатите лица се од Тетово (2), Гостивар (1) и Струга (1). Починатите лица се на возраст од 48г до 75г. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
 
Направени се 1.766 тестови преку: ИЈЗ-86, ЦЈЗ Скопје-26, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово-5, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–153, Жан Митрев (Филип Втори)-81, Авицена-62, Биотек-82, Систина-62, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа-0, Никоб лаб-258, ВФВ Медикал-47, Ели Медика-30, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–0, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 874.
 
Досега во земјата се направени вкупно 1.551.730 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 221.411, бројот на оздравени пациенти е 208.209, на починати е 7.825, а бројот на активни случаи изнесува 5.377.