Регистрирани се 276 нови случаи и 5 починати лица

Сподели

 

Во последните 24 часа направени се 2.720 тестирања, а регистрирани се 276 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 130
• Битола – 35
• Прилеп – 17
• Охрид – 14
• Куманово – 13
• Штип – 10
• Кавадарци – 9
• Струмица – 7
• Крива Паланка – 6
• Тетово – 5
• Кочани, Свети Николе и Пробиштип – по 4
• Велес и Ресен – по 3
• Гевгелија, Неготино и Богданци – по 2
• Гостивар, Кичево, Струга, Радовиш, Делчево и Македонски Брод – по 1
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Скопје (82г и 82г), по едно починато лице од Свети Николе (68г), Кратово (88г) и Демир Хисар (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој
Термин, пријавени се 5 починати лица со датум на смрт од 21.11.2021 до 28.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (3), Прилеп (1), Кичево (1). Починатите лица се на возраст од 29 до 79 години. Две лица се починати во домашни услови и три лица во болнички услови.
Регистрирани сe 249 оздравени пациенти од:
• Скопје – 111
• Битола – 35
• Прилеп – 22
• Кавадарци – 18
• Штип – 9
• Велес – 8
• Куманово и Делчево – по 7
• Кочани и Ресен – по 6
• Берово, Виница и Кратово – по 3
• Свети Николе – 2
• Пробиштип, Неготино, Кичево, Радовиш, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.484.645 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 217.301, бројот на оздравени пациенти е 203.574, на починати е 7.641, а бројот на активни случаи изнесува 6.086.