Рекордерот на УФЦ, Стипе Миочиќ се враќа на голема врата и ќе атакува за враќање на појасот!

Сподели

Рекордерот на УФЦ во тешка категорија по бројот на успешни одбрани на шампионски појас, СТИПЕ МИОЧИЌ, нема намера да се повлече од борбата, туку повторно да се искачи на тронот.

фото: Jeff Bottari/Zuffa LLC

Тој беше нокаутиран во март 2021 година од Френсис Нгану. Американскиот ММА борец со хрватско потекло ја зграпчи својата прва титула во 2016 година против Фабрицио Вердум, а потоа успешно го одбрани појасот против Алистер Оверем, Јуниор дос Сантос и Нгану.

Поразот од Даниел Кормиер го собори, но во повторната борба го врати, а уште една во таа трилогија донесе потврда дека тој е можеби најдобриот борец во тешката категорија на УФЦ.

Во моментов во таа категорија управува Нгану, а Миочиќ по тој пораз не се врати во октагонот.

Сепак, ќе следи негов нов обид да го врати појасот.

,,Мразам порази“, изјави Миочиќ за Sports Illustrated, додавајќи дека поради нив е фокусиран, па последната борба со Нгану ја прокоментира:

“Тој победи. Тоа е сè што можам да кажам. Има добар удар. Тоа е таква игра. Мислам на тоа секој ден. Секогаш е така кога губам. И фактот што размислувам за тоа ме нервира”.

Во паузата меѓу таа и следната борба, Миочиќ и неговата сопруга го добија второто дете, а се надева дека со повторно освојување на појасот ќе им одржи лекција на синот и ќерката.

„Тоа е можност да се покаже дека кога сте доле, нокаутирани, треба да станете и да продолжите напред. Сè уште тренирам и следам што се случува. Планирам да освојам нов појас“, рече тој.

The post Рекордерот на УФЦ, Стипе Миочиќ се враќа на голема врата и ќе атакува за враќање на појасот! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico