“Во интерес на истрагата, одговорите што сум го дала ќе си останат за Јавното обвинителство”, рече денеска Фросина Ременска по распитот во врска со случајот „Рекет“
„Одговорите на сите прашања поврзани со Меѓународниот сојуз, облигационите односи кои Меѓународниот сојуз ги има со лица и со фирми се во контекст на тајност на изјавите. Не можам да ви дадам одговор на она што беше побарано од Јавното обвинителство да го дадам како одговор на одредени прашања“, дополни Ременски.
Таа не сакаше да открие лични релации со првоосомничениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, бидејќи како што рече „не се во контекст на кривично-правниот настан“.
За нејзината функција почесен претседател во Меѓународниот сојуз, рече дека „почесното претседателство или почесното членство во ниту еден момент не подразбира формално-правна обврска за какво било учество и одлучување во органите на невладина организација.“
https://www.facebook.com/a1onmk/videos/1270861459761220/