Романското книжевно списание „Хелис“ во своето последно издание, ударно на насловната страница објавува репортажа со наслов „Хелис во Струга“, чиј автор е угледниот новинар Василе Јордаке.
Јордаке, по повод 14 годишнината од постоењето на „Хелис“, отстапува поголем простор, за заложбите и придонесот на „Хелис“ во унапредувањето на романско-македонските врски и градењето на книжевните релации.
Јордаке пишува за добитниците на меѓународната награда „Струшко слово“ што ја доделува Ревијата за книжевност „Бранувања“.
Годинава добитници се Ѓорѓе Добре од Република Романија и Виолета Димова, универзитетски професор од Република Македонија.
Во опширниот приказ на културните релации помеѓу Република Романија и Република Македонија, се потврдува доаѓањето на романските писатели Ѓорѓе Добре и Никола Теохарие како учесници на годинешната манифестација „Струшки книжевни средби“, која од 7 до 9 јули се одржува во Струга, Охрид и Вевчани.
На Ѓорѓе Добре ќе му биде врачена престижната награда „Струшко слово“.
На средбите ќе учествуваат писатели и од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Словенија, Полска, Хрватска.
Исто така, во овој број на „Хелис“, објавени се одбрани песни на македонските поети Христо Петрески, Славе Ѓорго Димоски и Милован Стефановски, со што „Хелис“ продолжува континуирано да претставува стихови на македонски поети.
Репортажа и стихови на македонски поети во романското списание „Хелис“