Меѓународната организација „Репортери без граници“ почна нова кампања со видео за борба против лажните вести, под етикетата #FightFakeNews, по повод 3. мај, Светскиот ден на слободата на медиумите,
Во видеото се споредува штетата што на луѓето ја нанесуваат фалсификуваните фармацевтски и индустриски производи со политичките штети што произлегуваат од лажните вести и информации.
„За разлика од ваквите фалсификати, чиешто влијание врз здравјето и средината е видливо и мерливо, „лажните вести“ ги подриваат темелите на демократијата на уште перфиден начин“, порача организацијата.