Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО.
Република Чешка е 17. земја која го ратификуваше протоколот за прием на државата во НАТО.
На седницата присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој е во еднодневна работна посета во Прага, во рамки на Самитот на премиерите на државите од Вишеградската Група и премиерите на државите партнери од Западен Балкан.