Ретвитни оброк #161, Сподели оброк, сподели храна, 21. април
И оваа сабота нема да ги оставиме нашите сограѓани без оброкот кој го чекаат и не можат да си го дозволат.
Секој може да се вклучи:
– Дојдете на заедничко готвење во Гласност (улица Петар Поп Арсов бр.6) во петок, 20 април 2018 во 17 часот.
– Контактирајте нè слободно во групата за подетални информации
– Спакувајте ја храната што ви останува од дома или кафана (не е срамота да се земе, срамота е да се фрли 😉 ) или едноставно згответе наменски колку што можете и тоа што имате.
Амбалажи за да спакувате храна може да земете од Freshys – Фрешис
– Дојдете во сабота во 12.30 часот пред Спомен-куќата на Мајка Тереза и вклучете се во пакувањето и делењето на оброците
– Контактирајте нè во инбокс, коментар или на телефон за каква било информација околу организација.