Резултатите од денешното гласање ДИК ќе ги објави околу полноќ

Сподели

Државната изборна комисија ќе ги објави првите резултати од денешното гласање околу полноќ, најави вечерва на прес конференција претседателот на ДИК, Александар Чичаковски.

ДИК се уште не ја објави излезноста на гласачите заклучно со 19 часот.

Чичаковски ги упати граѓаните да ги следат резултатите на веб страницата на ДИК, каде тие ќе се објавуваат сукцесивно како што ќе доаѓаат од гласачките места.