РК Алкалоид е подготвен за новата сезона 2024/2025

Сподели

РК Алкалоид продолжува да чекори по својата трасирана патека и по успешно комплетираните подготовки во исчекување е на новите предизвици. Во новата сезона енергијата повторно ќе се насочи кон развој на младите таленти и кон промовирање на македонскиот ракометот на национално и на интернационално ниво.

Во својата трета суперлигашка сезона РК Алкалоид влегува со јасна визија. Последните успеси и освоениот прв пехар во сениорска конкуренција во Купот на Македонија се наследство што ќе се брани на секој натпревар. Првиот предизвик ни е на 4 септември кога следува битката за престижниот пехар во македонскиот Суперкуп.

“Втора година по ред РК Алкалоид ќе биде дел од европската ракометна сцена. Оваа сезона ќе се натпреваруваме во Европскиот куп на ЕХФ, кој започнува во октомври, а прв противник ќе ни биде литванскиот вицешампион Клаипеда Драгунас. Нашиот РК Алкалоид е подготвен, мотивиран и екипиран за спортската сезона 2024/2025! Желбата е секогаш да се оди чекор напред, а ние со нетрпение очекуваме да го бодриме од трибините! Заедно кон нови победи!”