Роби Вилијамс ќе настапи на отворањето на СП на фудбал во Русија

Сподели

На спектакуларната церемонија на отворањето на Светското фудбалско првенство во Русија ќе настапи британскиот музичар Роби Вилијамс, јавува Anadolu Agency (AA).

Мундијалот во Русија започнува во четврток во 18:00 со натпреварoт помеѓу домаќинот Русија и Саудиска Арабија.

Пред почетокот на натпреварот на московскиот стадион „Лужники“ ќе се одржи и церемонијата на отворање на Светското првенство, а од Светската фудбалска организација (FIFA) соопштија дека на церемонијата ќе настапи и Вилијамс.

Поранешниот бразилски фудбалски ас Роналдо, и руската млада сопранистка Аида Гарифулина, исто така, ќе учествуваат во полчасовната церемонија.