СЕДЕФ, Роџер Ино и Македонска филхармонија! 23 февруари
Диригент: Џијан Емин
Солист/композитор : Роџер Ино (Англија)
Програма: авторска музика на Роџер Ино – орк. Џијан Емин
Роџер Ино е британски музичар и композитор чиј стил тешко може да се категоризира. Критичарите велат дека неговиот естетски код не може лесно да се стави во рамка и дека музиката му е лизгава како „риба“ кога станува збор за било каква детерминација.
Тој креиера вивидни и емотивни музички пејзажи. Вели дека го користи креативниот процес на декомпозиција во својата работа, дека го расчленува јадрото на музиката до нејзиниот последен атом, за да дојде до нејзината суштина.
Соработувал со низа познати музичари како Лу Рид, со британскиот електро бенд “The Orb”, со својот брат Брајан Ино…
Автор е и на музиката за серијата наградена со “Еми” – “State of the Union”, работена по сценарио на Ник Хорнби во режија на Стивен Фрирс.
Во Скопје премиерно ќе се претстави со нова музика, за која аранжманите и оркестрациите ги направи Џијан Емин.
Работејќи три години како музички терапевт во една психијатска клиника, Роџер Ино сфатил дека музиката делува стимулативно на способноста на помнење.
Овој британски композитор и пијанист тврди дека преку слушање музика се отвораат вратите на сеќавањата, и преку своите композиции редовно истражува во оваа сфера, понекогаш и на сосема необичен и неконвенционален начин.