Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска во Хавана се сретна со актуелниот и со поранешниот претседател на Куба, Раул Кастро и Фидел Кастро.
Рохани за време на еднодневната посета на Куба разговарал со 90-годишниот Фидел Кастро. Тој имал одвоена средба и со Раул Кастро, кој го презеде водењето на земјата од својот постар брат во 2006 година.
Рохани допатувал на Куба по самитот на неврзаните во Венецуела, а на пат на седницата на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Тој рече дека сакал да ја посети комунистичката „пријателска и револуционерна земја“.
Техеран го осудуваше американското ембарго против Куба, а Хавана го поддржуваше иранското право на цивилна нуклеарна програма.