Неколку илјади лица синоќа се собраа на протестен марш низ улиците на Букурешт со цел да изразат поддршка на антикорупциската комисија и барајќи да „нема политичко мешање во работата на државните органи“.
Како што јавија локалните медиуми, демонстрантите носеа романски и американски занамиња и скандираа „Романијо разбуди се“ и „Сакаме правда, не корупција“.
Маршот започна пред зградата на Владата на „Плоштадот на победата“, од каде демонстрантите се упатија кон романскиот Парламент.
Во Романија веќе неколку недели секојдневно се одржуваат протести, кои започнаа со донесувањето на указот на Владата за измени на Кривичниот законик, со кои се овозможуваше амнестија на лица обвинети за корупција. Под притисок демонстрантите, Владата го повлече указот, најавувајќи дека законските измени ќе ги иницира по редовна парламентарна процедура.