Околу 3.000 антивладини демонстранти синоќа повторно протестира во Букурешт. Демонстрантите носеа знамиња и транспаренти „Се бориме за чиста земја“, „Неправдата не обединува“, „Арамиите зад решетки“, пренесува МИА.
Романскиот суд вчера донесе одлука дека на претседателот на Сенатот, Калин Попеску Таричану може да му се суди во случај на измама. Се уште не е одреден датумот на судењето.
Таричану минатата година е обвинет за давање на лажни изјави со цел да заштити лица против кои се водат судски процеси за враќање на недвижен имот, во кој е вмешан и романскиот принц Паул Филип.
Според Обвинителството, Таричану ја отежнал истрагата негирајќи дека му се познати врските меѓу обвинет бизнисмен и други со принцот Паул Филип.