Романците четврта вечер по ред протестираа против владиниот указ за корупција

Сподели

Масовни протести синоќа, четврта вечер по ред се одржаа во Романија. Романските медиуми јавуваат дека на улиците на Букурешт синоќа излегле околу 200.000 лице.

Протестите се одржуваат поради ненадејната одлука на романската влада да декриминализира или да ја намали казната за корупција, злоупотреба на положбата или судирот на интереси, најчестите казнени дела за кои се гонат политичарите.Иако на дневниот ред на владината седницата беше само буџетот за 2017 година, владата во вторникот вечерта го усвои законот кој значително ја поткопува борбата против корупцијата во најкорумпираната држава во ЕУ.

Учесниците на синоќешниот протест скандираа антивладини пароли, а дел од нив донесоа и картонски кукли со ликовите на некои министри облечени во затворски униформи. Говорниците на протестот потсетија дека измените што ги предложи Владата беа критикувани и од САД и ЕУ и нагласија дека поради нив Романија би можела да остане без странски инвестиции и помош.

Демонстрации се одржуваат во главниот град Букурешт, но и во другите поголеми градови во Романија.

Слични собири организираше и романската дијаспора во Брисел, Копенхаген, Париз, Хамбург, Лондон и Цирих.

meta.mk