Познато е дека рекордите на Кристијано Роналдо се најважни во неговата кариера откако го достигна врвното ниво, но еден од нив е во сопственост на капитенот на аргентинската репрезентација – Лионел Меси.
Имено, ПСЖ славеше во Израел против Макаби од Хаифа со 3:1 во натпревар од второто коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а долгогодишниот член на Барселона го постигна првиот гол на тој меч за Французите.
Со тоа Меси погоди против 39-от различен клуб во елитното европско натпреварување, со што сега му побегна на Роналдо кој беше прецизен во дуелите со 38 екипи.
Во бележникот на Меси се: грчки Панатинаикос и Олимпијакос, германски Баерн, Вердер, Штутгарт, Леверкузен, Дортмунд, Менхенгладбах и Лајпциг, француски Лион и ПСЖ, двата шкотски гиганти Ренџерс и Селтик, двата најголеми украински клубови Динамо Киев и Шахтјор, Базел, Спортинг Лисабон, англиски Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Тотенхем, Челзи, Арсенал и Ливерпул, потоа ФК Копенхаген од Данска, Реал Мадрид и БАТЕ Борисов од Белорусија, чешките Плзен и Славија Прага, италијанските гиганти Милан, Рома, Јувентус и Наполи, руски Спартак од Москва, потоа Ајакс и ПСВ Ајндховен од Холандија, кипарски АПОЕЛ, унгарски Ференцварош и израелски Макаби Хаифа од синоќа.
Нема сомнеж дека тоа многу ќе му наштети на Роналдо, кој вечерва се очекува да игра во Лига Европа за Манчестер Јунајтед против Шериф во Тираспол.
The post Роналдо надминат и бесен – Меси му го одзеде она најважното во ЛШ! appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico