„Цинично е да се играат игри на моќ врз грбот на населението. Со тоа се одолговлекува развојот на земјата и се прокоцкуваат шансите“, вели државниот министер за Европа во германското МНР, Михаел Рот, во интервју за „Дојче веле“.
– На луѓето им е конечно неопходна перспектива, да се тргне напред, тие се надеваат на европска иднина на својата земја. Затоа, на владејачките партии, но и на опозицијата, им се обраќаме јасно – конечно да ја оправдаат својата одговорност за земјата. Реформи може да се донесат само од страна на парламентот и да се спроведат од страна на владата. Сега имам впечаток дека благодарение на упорната работа на ЕУ и на меѓународната заедница, меѓу другите и Германија, конечно се прават првите чекори во вистинска насока. Но, имате право – темпото на полжав воопшто не ми се допаѓа – вели Рот.
Рот вели дека потребни се стабилни односи и дека Македонија мора конечно ја надмине внатрешнополитичката криза. Тој се надева дека во спорот за името, за кој вели дека парализира, конечно ќе се направи чекор напред.
За протестите на „Шарената револуција“, Рот вели дека критичко цивилно општество е неодвоив дел од една витална демократија и дека е добро што граѓаните го изразуваат својот протест, а дека со тоа мора да се соочат сите политичари во сите демократски држави.
Рот: Цинично е да се играат игри на моќ врз грбот на населението