РСЕ: Макрон верува во силна Европа

Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека верува во Европа која е во состојба да го смени светот. Тој пред денешниот самит на Европската унија во Брисел на кој учествува за прв пат откако ја презеде функцијата оцени дека Европа ќе ја добие битката пред екстремно десничарските струи и нееднаквоста. Дводневниот самит на ЕУ е посветен на мигрантската ситуација на Средоземно море, јакнењето на европската одбрана и трговските прашања.

РСЕ