РСЕ: Турција ги прeкина политичките разговори со Холандија

Сподели

Турција соопшти дека ги прекинува политичките разговори на високо ниво со Холандија и оти ќе го прекине договорот меѓу Анкара и Европската унија за запирање на бранот мигранти, пренесува Радио Слободна Европа.

Турскиот вицепремиер Нуретин Чаникли изјави дека до ова доаѓа по растечките недоразбирања со Холандија, Германија и други земји на Европската унија кои одбија да им дозволат на турски министри да одржат митинзи на нивна територија. Во меѓувреме турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторни ја обвини Германија, овојпат канцеларката Ангела Меркел дека „поддржувала терористи“. Меркел ваквите наводи ги оцени како апсурдни, додавајќи дека нема да учествува во „натпревар на провокации“.