Русија вложи вето на усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која ја предложија Соединетите Американски Држави (САД), Велика Британија и Франција во врска со неодамнешниот напад со хемиско оружје во областа на Хан Шејхун, недалеку од сирискиот град Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
САД, Велика Британија и Франција со оваа предлог-резолуција бараат да се спроведе истрага во врска со нападот со хемиско оружје на 4. април во Хан Шејхун.
Со предлогот се бараше да се добијат информации од Асадовиот режим во врска со воздушните напади спроведени на тој датум, но и да се добие довола за поведување истрага за воени објекти кои наводно се поврзуваат со нападот.
Во предлог-резолуцијата е осуден нападот со хемиско оружје.
На гласањето на СБОН против усвојувањето на резолуцијата се изјасни и Боливија, привремена членка во Советот за безбедност. Десет земји ја поддржаа резолуцијата, додека Кина, Етиопија и Казахстан беа воздржани.
Да потсетиме, во страотниот напад со хемиско оружје извршен во вторникот, на 4 април во Хан Шејхун, близу сирискиот град Идлиб, животот го загубија 100 лица, воглавно деца и жени, а околу 500 беа затруени од дејството на отровниот гас.