Змискиот Остров, кој е на 40 километри од украинскиот брег, на линија на границата меѓу Украина и Романија е ослободен од страна на украинските вооружени сили ноќеска, соопшти украинската Оперативна команда Jуг.
Последниот обид на украинските вооружени сили да го ослободат островот се одвиваше ноќеска, при што се користени ракети и артилерија, по што преостанатите руски војници на островот избегале со два глисера. На островот во моментот има пожари.
На островот кој стана светски познат во првите денови на руската инвазија на Украина, руските сили имаа поставено радарски систем, неколку Панцир С1 системи за противвоздушна одбрана и митралески гнезда.
Змискиот Остров е клучна стратешка точка, бидејќи овозможува контрола на бродскиот сообраќај и уништување бродови, а неговото ослободување значи приближување до ситуација на безбеден извоз на храна од Украина, пишува Би-Би-Си.