САД-ИЗБОРИ: Надворешната политика на Клинтон и Трамп остана во заден план

Сподели

thumbs_b_c_579ef9f3a0a8455ad33f670d229a5fd5

ВАШИНГТОН (АА) – Поради одмерувањето сила меѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп пред претседателските избори што ќе се одржат на 8 ноември во САД и „скандалите“ што ја придружуваа предизборната кампања на двајцата кандидати, надворешната политика не најде свое централно место во нивните говори, јавува Anadolu Agency (AA).

Целиот свет со нетрпение очекува да го види новиот американски претседател. Од една страна, проблемите со меѓународната безбедност, од друга страна големиот миграциски бран поради тероризмот и војните ги притискаат САД исто колку и Европа.

– Клинтон е поискусна на полето на надворешната политика –

Иако надворешната политика не зема централно место во кампањите на кандидатите, за Хилари Клинтон се вели дека има акумулирано државно искуство повеќе од својот противник.

Пред изборите и во периодот по нив, Трамп ѝ порача на Хилари Клинтон дека е потребно енергијата на САД да ја троши во својата градина. Споредено со Хилари Клинтон, Трамп е за изолација и даде слика на набљудувач на надворешната политика.

– Дискусии поврзани со Турција –

Нема доволно изјави поврзани со плановите на Клинтон и Трамп околу односите кон Турција. Клинтон ја имаше дефинирано Турција како НАТО сојузник и како дел од коалицијата во борбата против ДЕАШ, но истовремено имаше изјавено и дека ќе им даде поддршка во оружје на ПЈД/ПКК во борбата против ДЕАШ.

– За Сирија, Ирак и за борбата против ДЕАШ –

Споредувајќи ги двајцата кандидати во нивните излагања за ситуацијата во Сирија, Ирак и за ДЕАШ, може да се заклучи следното.

Во врска со Сирија, Хилари Клинтон изјави дека режимот на Асад го загубил својот легитимитет. Таа изјави дека планира на Умерената опозиција да ѝ даде оружје, да воведе забрана за летови и да се создадат безбедносни региони. Кога станува збор за ситуацијата во Ирак и борбата против ДЕАШ, Хилари Клинтон смета дека би можело да им се даде оружје на сириските Курди (ПЈД/ЈПГ) во заедничката борба против терористичката организација ДЕАШ.

Трамп за ситуацијата во Сирија смета дека е потребно да се воведат зони на забранети летови и да се создадат безбедносни региони. Кога станува збор за опозицијата во Сирија, Трамп смета дека не треба да се даде поддршка за соборување на Асад и покажа став на сомнеж кон вооружувањето на опозициските групи во Сирија. Тој смета дека наместо Русија и Иран да им бидат противници, би можеле да бидат сојузници во борбата против терористичката организација ДЕАШ.

– Русија –

Во предизборната кампања, една од најлесните теми од надворешната политика беше Русија. Хилари Клинтон истакна дека е потребно да се воведат дополнителни санкции против Русија поради настаните во Украина и во Сирија, и го бранеше ставот дека е потребно засилување на европските сојузници на САД наспроти Русија. Таа ја обвини Русија за хакерскиот напад врз електронската пошта на Демократската партија.

На овие изјави на Хилари Клинтон, Трамп смета дека САД треба да соработува со Русија за поуспешна борба на Средниот Исток против терористичката организација ДЕАШ.

– Кина –

Кога станува збор за политиката кон Кина, Клинтон смета дека e можна соработка со Кина во врска со нуклеарната програма на Северна Кореја. Таа истакна дека е потребно слободно движење во Јужното Кинеско Море и ја истакна потребата од продолжување на конкурентноста меѓу двете земји на економски и на воен план.

Трамп во секоја ситуација напоменува дека Кина ја искористува американската економија и дека е потребно повторно да се разгледаат трговските договори и да се воведе поголема царина за производите од Кина. Тој вети дека ќе го зголеми присуството на американските војници во азиско-пацифичкиот регион, истакнувајќи дека индиректно ќе се натпреварува со Кина во воената област.

– Иран-

Хилари Клинтон застана во одбрана на нуклераниот договор што во 2015 година го постигнаа САД и Иран, но истакна дека Техеран го смета за одговорен за „провокациите“ на Средниот Исток. Таа рече дека сѐ додека Иран не го прекрши нукл