САД: КЛИНТОН И ТРАМП СО МЕЃУСЕБНИ ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА НА ПОСЛЕДНАТА ЈАВНА ДЕБАТА

Сподели

Последната од серијата дебати помеѓу Хилари Клинтон и Доналд Трамп заврши синоќа со жестока размена на обвинувања. Овој пат изостана на ракувањето меѓу нив, а републиканскиот кандидат одби да одговори на прашањето дали ќе ги прифати резултатите од изборите.

Трамп, одговарајќи на прашање на модераторот Крис Волос дали ќе ги признае резултатите од изборите одговори: – Ќе ви кажам кога ќе дојде време за тоа. Тој го изјави тоа четири дена откако нагласи дека верува оти изборите ќе бидат наместени. Хилари Клинтон ја нарече „одвратна“ жена.

За време на дебатата се провлекуваше и името на рускиот претседател Владимир Путин. Клинтон рече дека Путин сака да биде избран Трамп, бидејќи сака марионета за американски претседател.

– Ти си марионета, возврати Трамп истакнувајќи дека Путин ја „надмудрил“ и „надиграл“ поранешната државна секретарка.

Трамп и Клинтон се спротиставија и за низа внатрешно-политички прашања како што е абортусот и правото на носење оружје. Особено остра дебата имаше за илегалните имигранти и планот на мексиканскиот претседател да подигне ѕид на границата.