САД: Се бара поведување истрага против училишта на ФЕТО, измама тешка 19 милиони долари

Сподели

ВАШИНГТОН (АА) – Меѓународната адвокатска компанија „Amsterdam & Partners” до властите во државата Охајо, САД, поднесе барање за поведување на истрага за измами од страна на училиштата поврзани со терористичката организација ФЕТО, кои само во државата Охајо извршиле измама со недвижности од која направиле добивка од 19 милиони долари, јавува Anadolu Agency (AA)

Амстердам, менаџерот на адвокатската компанија „Amsterdam & Partners” во Колумбус, главниот град на Охајо одржа прес-конференција на која соопшти дека подолг период вршат истрага поврзана со работата на Академијата за науки Хоризонт и Академијата Нобл кои се поврзани со ФЕТО.

Амстердам истакна дека образованието не е основна задача на училиштата на ФЕТО, кои во САД ги има 150, од кои 17 се наоѓаат во Охајо и додаде дека нивната основната задача се прикрива. Амстердам рече дека ФЕТО ја прикрива својата основна цел од своите поддржувачи, изјавувајќи: „Не сакаат да знаат што се случува во задниот двор кај Амерканците“.

Менаџерот на адвокатската компанија,Амстердам, рекол дека училиштата кои се поврзани со ФЕТО, обезбедувајќи им привремена работна дозвола (виза) H-1B на професорите и останатите вработени, автоматски прават законска злоупотреба, бидејќи се прикриваат нивните приходи и додаде дека иста е состојбата и со училиштата во Охајо.

Тој рече дека јавните фондови на овие училишта биле користени за приватни цели и за останатите фирми на организацијата. Амстердадм истакна дека одамна е познато дека во училиштата се прави подвоеност на вработени и учениците од Турција и се вршат измами, злоупотребувајќи ја јавната доверба за лоши намени.

– Измама со недвижности тешка 19 милиони долари

Амстердам рече дека образовните институции на ФЕТО бесправно извршиле трансфер на средствата кои во 2015 година државните фондовите им ги доделила на членовите на училишните одбори. Всушност во тој тип на образовни институции училишните одбори потребно е да се составени од волонтери, но ФЕТО на позициите во училишните одбори поставувал свои вработени.

Амстердам даде пример со еден од училишните директори, Ондер Сечен, кој од училишните фондови за сопствени потреби користел 3 илјади долари, додавајќи дека меѓу училишната администрација и добавувачите имало сомителен проток на средства.

Менаџерот на адвокатската фирма Амстердам рече дека ФЕТО ја користел фирмата “New Plan Learning” како параван на своите училишта за да ја прикаже како „сопственик на училиштата“. Меѓу училиштето и фирмата постојат сомнителни „задолжувања и затворање на цесии“.

Амстердам ја потенцирал и прекумерната висина на училишната кирија, истакнувајќи дека само во државата Охајо, забележале дека е извршена измама со недвижности, при што е остварена добивка од 19 милиони долари. Тој даде пример дека во државата Синсинати, фирмата „New Plan Learning“ само едно училиште изнајмила за цена од 1,25 милиони долари.

– „Господ нека им е на помош на нашите деца“

Биле извршувани неправилности во училиштата кои биле поврзани со ФЕТО, со користење на државните фондови за покривање на миграционите трошоци на лица кои немале никаква врска со училиштата, истакнувајќи дека особено неправилности биле правени при давањето на пари од средствата за бонус на одредени вработени.

„Во овие училишта, доколку децата не се интелитентни, тогаш Господ нека им е на помош“, рекол Амстердам и обраќајќи му се на републиканскиот државен ревизор, побарал да се изврши истрага во врска со училиштето поради „сомневање во регуларноста на договорите за недвижности и договорите за закуп“.

„Во приложените документите и докази кои ги приложивме може да се забележе дека државните и федерални фондови кои биле доделувани за јавна корист, на измамнички начин биле користени за лични интереси и во интерес на учениците, бараме да се поведе истрага со која ќе се овозможи тие да бидат користени во правилни цели“, рече Амстердам.

Амстердам, потсетувајќи на обидот за државен удар од страна на ФЕТО во Турција на 15 јули истакна дека училиштата во САД поврзани со оваа организација имаат своја политичка агенда. Тој истакна дека овие училишта воглавно се наоѓаат во близина на воени објекти и се запраша: „Како можат до таа мерка да пораснат овој тип на организации, без да биде повдена истрага за нив во САД?“