САД: Турција и официјално побара испорачување на Фетула Ѓулен

Сподели

thumbs_b_c_66740c6ba61b43f11e9f80c80004219d

ВАШИНГТОН (АА) – Министерството за надворешни работи на САД соопшти дека Република Турција и официјално побарала испорачување на Фетула Ѓулен, водачот на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на САД, Марк Тонер, за време на денешниот редовен брифинг за новинарите, потврди дека Министерството примило официјално барање од Турција за испорачување на Ѓулен, кој живее во сојузната американска држава Пенсилванија.

Тонер изјави дека надлежната канцеларија ќе го разгледа пристигнатото барање, документацијата и другите материјали, и додаде дека споменатото барање не е поврзано со неуспешниот обид за воен удар, што се случи на 15 јули во Турција.

Нагласувајќи дека во оваа фаза не може да даде повеќе информации за процесот, Тонер изјави дека Турција побарала испорачување на Ѓулен поради други причини.