САД: УРАГАНОТ МЕТЈУ ОДНЕСЕ 339 ЖИВОТИ

Сподели

uragan-metju-4

Бројот на жртвите на ураганот Метју во моментов изнесува 339 лица, но можно е да се зголеми бидејќи постојано пристигаат извештаи за вонредни состојби, поради што не може да се даде точен број, велат извори од американската цивилна заштита.

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во Јужна Каролина, кон која се приближува ураганот „Метју. Toj  издаде наредба за доставување федерална помош како поддршка на државните и локалните напори, давајќи им со тоа овластување на Министерството за национална безбедност и Федералната агенција за управување со вонредни состојби да ги координираат напорите за ублажување и отстранување на последниците од катастрофата.

 

„Метју“ е на четвртиот степен на петстепената Сафир Симпсонова скала за моќноста на ураганите. Ветровите се со брзина од 215 километри на час. Тоа е првиот моќен ураган, кој се очекува да ги погоди САД директно во период од повеќе од една деценија.

Според американскиот Центар за урагани ова може да биде најмоќната природна непогода, која ќе го погоди североисточниот дел на Флорида во изминатите 118 години.